Бизнис
8. October 2015 - 9:28

Вицепремиерот Пешевски во работна посета на Крива Паланка

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска ќе престојува во работна посета на Крива Паланка.

За време на посетата, Пешевски ќе се обрати на свечената седница на Советот на општината Крива Паланка по повод Денот на ослободувањето на градот.

Тој ќе изврши и увид во реализацијата на тековните проекти во општината.