Бизнис
6. March 2017 - 19:50

Вицепремиерот Пешевски на бизнис форум во Канада

Девет нови рудници за минерални суровини се отвораат во Македонија, уште на 9 локации се вршат дополнителни геолошки истражувања, а 4 веќе се во фаза на  истражувања. 

Досегашните ископувања покажале дека во почвата има повеќе видови метални руди: цинк, бакар, олово, злато, сребро, никел, манган, антимон и  железо. Постои голем потенцијал во овој сектор, недостасуваат инвеститори. Затоа вицепремиерот Пешевски  ги повика канадските бизнисмени да вложат во овој сектор.

-Македонија е земја богата со минерални ресурси. Имаме современ закон за експлоатација на минерални суровини, поволни концесиски трошоци, а ако се земе во предвид дека веќе постои инфраструктура и персонал со искуство во вршење на рударски работи, може да очекуваме овој сектор дополнително да се развива во иднина, изјави вицепремирот за економски прашања Владимир Пешевски.

Рударскиот сектор изминативе години бележи позитивен тренд. Се рестартираа Злетово и Тораница, концесионерите се сериозни, стабилни и одговорни. Сепак, се уште постои  голем потенцијал во овој сектор, но за тоа потребни се дополнителен капитал и нови инвестиции.

Од Владата неодамна најавија дека ќе се отвор нов руднк за јаглен и централа за струја, помеѓу Делчево и Пехчево. Истражувањата покажале дека има висококвалитетен јаглен за околу 30 години.

Физибилити студијата треба да е готова наредниот месец, а градбата на рудникот би започннала во 2019 та година.