Македонија
3. January 2018 - 16:37

Ветрот ја однесе загаденоста, остана само дилемата дали вака поставените мерки за заштита даваат ефект

Ветерот денеска го расчисти загадувањето,  но само привремено. Граѓаните се жалат на лошите  последици кои ги трпат  по здрвјето. Според скопјани, надлежните не преземаат доволно мерки за решавање на овој горлив проблем. За да стапат на сила итните мерки велат не треба да се чека граѓаните два дена по ред да се гушат во чад и смог.

– Децата ни се најзагрозени, ништо не се презема. Кашламе се гушиме немаат ефект, не гледаме мерки. Треба да се најде решение. Неможе тоа одеднаш да се направи. Ветувањата не се исполнети. НЕка смислат нешто, ветерници, некоја метода што ќе се спроведува преку целата година. Ова не е изненадна состојба, сите знаеја дека следи зима и дека ќе има енормно загадување. Детето во болница ми заврши од загадениот воздух. Не треба да се чекаат два ден

Клиниката за пулмологија е преполна и нема место за хоспитализација на нови  пациенти. Најзагрозени се хронично болните од астма, но загадувањето прави проблем и кај здравите. Директорот на клиниката предупредува граѓаните да не се изложуваат долго на отворено во деновите кога се високи концентрациите на штетните ПМ 10 честички.

Во меѓувреме градските власти информираат дека итните мерки ќе се преземат доколку два дена по ред загадувањето биде над дозволената граница. Кога прв пат стапија на сила во пресрет на новогодишните празници, мерките на градот СКопје, траеја не цели два дена.

Отровен воздух  не дишат само скопјани, меѓу најзагадените градови се и Тетово, Куманово, Битола.  За прв пат во историјата годинава ќе се  врши пошумување околу  Рек битола.  

Од ресорното министерство пак пред две недели излегоа само со препораки. Пред да дојдат на функција, на политичарите во својата изборна програма најголемо ветување им беше чист воздух за сите граѓани, но откако ја презедоа фотелјата велат немаат магично стапче за да го решат овој проблем. Од Иницијативата О2 најавија тужба против Македонија за Еко геноцид и елементарна непогода која ќе ја поднесат до европскиот суд за човекови права во Стразбур , како и жалби до сите меѓународни институции. На социјалните мрежи граѓаните за утре најавија протест пред седиштето на градот СКопје.