-->
-->
„Вест“: ВМРО-ДПМНЕ демонстрира лидерство во политичката комуникација
-->
ВМРО-ДПМНЕ повторно демонстрира лидерство во политичката комуникација. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ попладнево во Спортскиот центар Јане Санданскии го презентираше досега најобемниот отчет за реализираното во изминатите речиси десет години, пишува дневниот весник „Вест“.
Прв пред присутните се обрати лидерот на партијата Никола Груевски, по што министрите образложија секој за својот ресор што е сработено во изминатиот период.
-Пред вас се наоѓа капитално дело кое е компилација од нашиот труд во изминатите години, а се темели на дадената доверба од вас, граѓаните, народот, поддржувачите на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Во овој отчет се опфатени проекти во периодот од 2014 до 2016 година, но и некои поголеми и значајни проекти кои започнале или се реализирале до 2014 година. Тешко е на неколку стотини страници да се каже и покаже што се е направено, но едно е важно, фактот дека најголем дел од ветено е остварено или почнало да се остварува. Има и многу работи кои не се ветени, а се остварени по барање на граѓаните тоа не прави поразлични, рече Груевски.
-Денешниот јавен отчет претставува повторна демонстрација на новитет во политичката комуникација и односите со јавноста, коментираат експертите. Според нив настанот претставува еден вид на јавна седница на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ на која што се реферира за сработеното во изминатиот период со особен акцент на последните две години. Она што беше карактеристично е мултимедијалниот пристап кој се практикува, при што покрај дискусиите присутните имаа можност да гледаат и видео со реални приказни од животот, а во позадина и текстуален приказ на сработените проекти. Настанот се пренесуваше во живо на поголем број на интернет страници, со што покрај 10 илјадитната публика во салата можност да го следат јавниот отчет имаа уште стотици илјади граѓани, пишува Вест.
-ВМРО-ДПМНЕ во последните 10 години постојано воведува новитети во политичката комуникацика со граѓаните, велат експертите.
На собирот присуствуваше раководството на партијата, министрите во Владата и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, членови и симпатизери на партијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово