Бизнис
11. July 2016 - 12:39

„Вештини за успех“ проект за обуки на невработени млади

Бесплатни обуки за стекнување знаења и вештини за млади невработени лица  кои треба да им помогнат за вработување или да почнат бизнис, ќе се спроведуваат со проектот „Вештини за успех“ за чија реализација денеска потпишаа договор „Пивара“ ад Скопје“ и Агенцијата за вработување.

Планирано е двонеделни обуки годинава да поминат 100 млади невработени, а во наредните пет години над 5.400.  Ќе ги унапредуваат комуникациските вештини, ќе стекнуваат знаења за финансиите и деловното работење, за креирање и водење развојни планови и проекти, за ефикасно водење преговори и продажба, како и за ефективна организација, управување со времето... Предавачи ќе бидат менаџери од „Пивара“ ад Скопје и од други компании, експерти од академската заедница, од јавни институции и реномирани меѓународни организации.

Трошоците за обуката ги покрива „Пивара“ ад Скопје, која всушност ја надградува долгорочната програма за развој на младите што ја реализира во својот Едукативен центар од 1997 година.

Агенцијата за вработување помогна во процесот на одредување на кандидатите на кои најмногу им е потребна ваква обука,  а предност имале младите од социјално ранливите категории.

- Овој проект одлично се вклопува во мерките и напорите на надлежните државни институции и Владата за натамошно намалување на невработеноста, особено кај младите. Досегашните резултати во едукативниот центар и добро дизјанираната програма за обука се доволна гаранција дека ќе се постигнат посакуваните ефекти. затоа ние како институција веруваме во овој проект и го поддржуваме, изјави директорката на Центарот за вработување на Град Скопје Слободанка Алексовска.

Трошоците за обуката ги покрива „Пивара“ ад Скопје, која всушност ја надградува долгорочната програма за развој на младите што ја реализира во својот Едукативен центар од 1997 година.

Според генераланиот директор на „Пивара“ ад Скопје Јован Радосављевиќ, со проектот се отвораат нови перспективи за младите, се придонесува за зголемување на вработувањето и за натамошен развој на претприемничката култура во државава.

- Преку проектот „Вештини за успех“ сакаме да ги мотивираме и охрабриме младите да ја земат иднината  во свои раце со тоа што ќе им овозможиме  да стекнат вештини кои ќе им помогнат полесно да се вранотат или да почнат сопствен бизнис, рече Радосављевиќ.

Како што беше истакнато на потпишувањето на договорот, програмата на Едукативниот центар на „Пивара“ во изминатите 19 години ја поминале 3.800 млади. На 80 проценти програмата им помогнала да најдат работа, а четири проценти ги охрабрилада почнат бизнис. Партнер на програмата е компанијата за деловна едукација „Мотива“