Кошарка
21. October 2016 - 14:14

„Весела математика“ во мак-баскетот

 

Последната одлуката на Македонската кошаркарска федерација, околу цената за лиценци на кошаркари според која за странците клубовите ќе се плаќа по ново, за македонските кошаркари лиценците остануваат по старо, треба да ја разреши наметнатата криза во мак-баскетот пред се од страна на самите клубови.

На неодамнешното Здружение на екипите од Првата машка лига, претставниците на клубовите не се согласија со зголемувањето на цените, со образложение дека тие битно ќе влијаат на буџетот на клубовите, барајќи да останат по старо.

Претседателот на МКФ, Петар Наумоски и УО на федерацијата излегоа со свој компромис, лиценците за странците да се наплаќаат по новиот тарифник, а за македонските да остане тарифникот од монатата сезона.

Минатата сезона клубовите плаќаа за секој странски играч (без разлика на бројот) по 250 евра, кои МКФ ги уплаќаше во ФИБА, или ако клубот има шестмина (6) странски играчи (колку што има право да ги користи на еден натпревар, а има право на регистрација на неограничен број странци) минатата година од својата каса екипата требало да издвоил вкупно 1.500 евра.

 

Во нова одлука на регистрацискиот правилник на МКФ предвидени се следните суми:

Oд сумата која клубовите ја уплаќаат за странски играч, 250 евра (за секој странец поединечно) МКФ уплаќа на сметката на ФИБА за секој странец поединчно.

Според новиот тарифник за шест (6) странски играчи клубот треба да плати кон МКФ вкупна сума од 7.900 евра (денарска противредност) од кои 1.500 евра МКФ треба да ги префрли а ФИБА, а останатите ќе се користат наменски за уплата на котизација младинските македонски репрезентации на европските првенства, кои како и годината така и во наредната МКФ пријави дури седум (7) селекции.

4-ри х 850          = 3.400 евра
5-ти + 1.500       = 1.500 евра
6-ти + 3.000       = 3.000 евра
=========================
ВКУПНО             = 7.900 евра
Уплата кон ФИБА -1.500 евра
==========================

Реалното, зголемување на таксите за лиценци на секој клуб, во случај истиот да регистрира максимален број од шест (6) странски кошаркари би изнесувал на годишно ниво  6.400 евра, во денарска противвредност (7.900 – 1.500).

За секој нареден пријавен (регистриран) странски играч, клубот треба да плати  + 3.000 евра.

 

Ваквата „весела математика“ очигледно дека најмногу ги погаѓа клубовите кои во текот на една сезона во својот тим менуваат повеќе од шест (6) странци, а во случајот такви се само два тима (МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи).

 

ЛИСТИ НА ОДОБРЕНИ ИГРАЧИ СЕЗОНА 2015/16 (ПРВА ЛИГА МАЖИ): 

МЗТ Скопје Аеродром (9), Карпош Соколи (7), Кожув (6), Куманово (5), Фени Индустри (4), Бест (4), Струмица (3) и Работнички (0),  

Извор: МКФ   http://basketball.org.mk/?ItemID=80A2C3D4DE0478429585273E5666CDF4

Ако се претпостави дека и во новата сезона 2016/2017 клубовите ќе пријават ист број на странски играчи како и лани, секој клуб поединечно би требало да издвои вкупно по:

 

Од оваа „весела математика“ видливо е кои се оние клубови на кои им пречи одлуката на МКФ за зголемување на сумите за лиценци на странски кошаркари (МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи).

Досега во редовите на ове македонски екипи кои настапуваат во АБА лигата настапија вкупно 15 странски кошаркари, а од вчера двата тима официјално потврдија уште по едно ново засилување.

МЗТ Скопје Аеродром (9+1): Charlon Kloof, Josh Scott, Uroš Lučić, Jeremiah Massey, Jure Lalić, Xavier Thames, Torey Thomas, Stefan Sinovec, (извор: АБА лига) и Даниел Клар (извор: КК МЗТ Скопје А.), а во најава (неофицијално).е ново засилување во името на српскиот интернационалец Миленко Тепиќ.

Карпош Соколи (8): Uroš Duvnjak, Dragan Labović, Dragan Zeković, Lamont Mack, Kendrick Perry, Zoran Vrkić, Dominik Mavra (извор: АБА лига) и Ryan Richards (извор: КК Карпош Соколи).

Впрочем, овие две екипи во чии редови продефилираа вкупно 17 (+1) странци, а кои пак ја претставуваат македонската кошарка на меѓународна сцена, неможат да се пофалат со постигнатите резултати. Досега заеднички немаат ниту една победа од 13 одиграни натпревари (во АБА лигата 0-10 заеднички, МЗТ Скопје во Еврокуп 0-1 и Карпош Соколи во БИБЛ лигата 0-2).

Од ваквиот резултат неминовен е заклучокот - Сигурно немаше толку да болат убедливите порази, ако во екипите настапуваа млади македонски играчи, кои преку таквите натпревари ќе се здобиеја со неопходното искуство, бидејќи само со игра (настапи) се станува играч, но не и седење на клупа или уште полошо само со тренинг.

 

Од друга страна, се поставува праањето, зошто останатите помалку засегнати клубови, или уште повеќе, оние од втората и третата лига и особено оние од женска конкуренција би имале против во своите екипи да имаат помалку странци, а повеќе млади македонски кошаркари.

Компаративно од досега пријавеното според учеството може да се види и бројот на странски играчи кои ги имаат пријавено, Фени Индустри, Куманово и Кожув за нивниот настап во БИБЛ лигата.

Кожув (6): Kenyon McNeail, Milivoje Mijovic, Filip Zekavicic, Robert Abramovic, Nikola Djurasovic, Jagos Matijasevic (избор: БИБЛ лига).
Куманово (4): Radoslav Pekovic, Stefan Zivanovic, Danilo Mijatovic, Miladin Pekovic (избор: БИБЛ лига).
Фени Индустри (3): George Sharabidze, Vukota Pavic, Matija Ceshkovic (избор: БИБЛ лига).
 Официјални податоци за новите прволигаши, АВ Охрид, Вардар и Пелистер, како и за Работнички, засега нема.
 

Впрочем господа од клубовите, не заборавејте дека во тимот кој е од заеднички интерес на сите кошаркарски работници во земјава, а тоа е единствено репрезентацијата на Македонија, може да настапува само еден (1) странец, не 7,8,9 или повеќе.

А, за репрезентацијата да се врати на старите патеки, токму вие клубовите ќе мора многу повеќе да инвестирате во младите МАКЕДОНСКИ кошаркари, затоа што тие се фундаментот на репрезентацијата која пак е олицетворение на работата во клубовите и политиката за развој за кој е задолжена федерацијата.