Македонија
29. September 2017 - 16:13

Вес Мичел ќе ја замени Викторија Нуланд и ќе биде одговорен за Макеоднија во Стејт Департментот -

30 годишниот Вес Мичел седнува во фотељатра на моќната Викторија Нуланд. Сенатот ја потврди номинацијата и го назначи Мичел на позицијата Помошник државен секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија. Мичел ќе биде задолжен за тешките прашања кои изминатите години ги решаваше Нуланд на европскиот континент.

Во неговата биографија досега е испишана претседателската позиција на Центарот за анализа на европската политика, позиција на која главно работел на градењето на партнерскиот однос со стариот континент преку НАТО алијансата. На своето сослушување пред комитетот за надворшени работи на сенатот Мичел вети токму зацврстување на оваа организација.

  • Ако ја добијам потврдата моја клучна задача ќе биде зачувување и  зацврстување на западната алијанса за да бидам сигурен дека и моите деца ќе уживаат во предностите кои ние ги користиме, порача Мичел на 19 сепотември.

Сенатот му ја даде поддршката на Мичел кој отсега анализите ќе мора да ги замени со дела. Неговата организација посебно во изминатите неколку години е вклучена и во анализа на политичката состојба во Македонија, развојот на настаните и кризата во земјата.

Мичел ја доби можноста своите досегашни проценки и анализи да ги увиди на теренот. Неговата претходничка, Викторија Нуланд беше директен учесник во процесот за решавање на политичката криза во Македонија, а многумина вертуваат дека по нејзината интервенција беше ставен крај на превирањата помеѓу партиските играчи.

Нуланд ќе остане запаметена и за директната интервенција во случувањата во Украина кои воспоставија нова власт во земјата. Таа си поднесе оставка на функцијата по изборите на кои Доналд Трамп ја доби довербата на американците.