Бизнис
12. September 2017 - 19:45

Веро прославува 20 години од влезот на македонскиот пазар

Грчката компанија ВЕРО прославува  20 години од постоењето на македонскиот пазар.

Задоволни од условите за водење бизнис на македонскиот пазар,  менаџментот најавува отворање на уште 3 супермаркети до крајот на годината.

Лани Веро во Македонија и Србија оствариле 109 милиоини евра приходи, а за оваа година очекуваат бројката да надмине  125 милиони евра.

Вработени се над 1,000 лица  и дневно бројат над  25 илјади купувачи. По повод јубелејот, овој месец најавуваат производи по многу пониски цени.