Фудбал
5. October 2017 - 21:57

Вентура: Потребни се победи за Италија

Фудбалската репрезентација на Италија утревечер е домаќин на Македонија во натпревар од 9.коло од Г групата. До крајот на квалификациите Италија ќе одигра дома со Македонија и со Албанија на гости.
 
На денешниот прес пред дуелот со Македонија селекторот на „азурите“ Џампјеро Вентура истакна:
- Не е важен системот на игра, важна е желбата, мотивацијата. Играме добри квалификации, но немаме доволно бодови и знаете дека не сме на водечката позиција во групата. Потребни се победи во следните два натпревара за што е можно подобар противник во баражот. Да бидам искрен утре очекувам добар натпревар во мојот Торино. Тука секогаш добро се чувствувам и сакам да ги повикам сите навивачи да ни дадат поддршка. 
 
Италија првпат по осум години ќе биде домаќин во Торино, а Вентура најголемите тренерски успеси ги постигна како тренер на Торино.