Фудбал
7. October 2017 - 10:03

Вентура: Игравме без неколку играчи

Репрезентацијата на Италија одигра нерешно пред своите навивачи синоќа со Македонија (1:1) што на крајот од натпреварот наиде на свирежи од домашната публика. За нерешениот резултат селекторот на „азурите“ Џампјеро Вентура изјави:
- Игравме без неколку играчи, што во текот на натпреварот се покажа како клучно. Очигледно дека поразот во Шпанија (натпревар одигран во септември) делуваше психолошки врз нас. Се надевам дека на плеј-оф натпреварите ќе бидеме комплетни и нема да имаме повредени играчи. Мислам дека навивачите не треба да бидат бесни, одигравме позитивно прво, но недоволно добро второ полувреме, па целата оценка за денешниот натпревар не е воопшто позитивна.
 
Италија последниот натпревар од групата го игра во понеделник на гости против Албанија во Скадар.