-->
-->
Венгер ќе „прокоцка“ 50 милиони
-->
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, ја одбил понудата од 55 милиони евра што Манчестер сити ја понуди за Алексис Санчез.
Договорот на Чилеанецот со Арсенал истекува наредното лето и сигурно е дека тој нема да потпише нов. Тоа значи дека доколку Арсенал сега не го продаде Санчез, по завршувањето на сезоната, тој ќе може да замине од клубот како слободен играч.
Од друга страна, Сити не сака да чека една година и намерата на Пеп Гвардиола е да го донесе Чилеанецот до крајот на овој преоден рок.
Арсенал за Санчез, покрај обесштетувањето, го бара и Рахим Стерлинг, но оваа варијанта не е реална бидејќи англискиот репрезентативец играше на сите три натпревари во Премиер лигата од почетокот на сезоната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина