Свет
21. July 2017 - 8:39

Венецуелски дипломат во ОН поднесе оставка поради Мадуро

Дипломат на Венецуела во Обединети нации, Исајас Медина поднесе оставка поради несогласување со претседателот Николас Мадуро.

- Не можам да бидам дел од влада, која системски ги напаѓа демонстрантите, која не ги почитува уставните права, изјави Медина во видео-пораката снимана во Њујорк.

Амбасадорот на Венецуела Рафаел Рамирез ја осуди постапката на Медина истакнувајќи дека дипломатот „нечесно постапил“.

Портпаролот на ОН се уште не го коментира случајот.