Венецуелската опозиција организира референдум за планот на Мадуро за измени на Уставот
Венецуелата опозиција организира денеска референдум со симболичен карактер за предлогот на претседателот Николас Мадуро за промени на Уставот.
Референдумот е организиран од античавистите од коалицијата „Тркалезна маса за демократско единство“, како акт на граѓанска непослушност против шефот на државата.
Целта на референдумот, кој властите не го признаваат е да се посочи отфрлувањето од страна на Венецуелците на Уставното собрание, кое има задача да го промени Уставот, појасни опозицијата.
Речиси 70 отсто од населението е против уставните измени, а 80 отсто од Венецуелците се незадоволни од владеењето на Мадуро, покажуваат податоците на компанијата за социолошки истражувања „Датаналисис“.
Високата излезност на рефередумот, проследена со евентуалното слабо учество на изборите на 30 јули, кога ќе се определат 545 членови на Уставното собрание негативно ќе се одрази на таа институција, смета аналитичарот Бенимо Аларкон.
Владата ќе биде ставена во мошне сложена ситуација, за да продолжи со изборите на Уставното собрание кон крајот на јули и во тој случај ќе и биде доста тешко да ги спроведе одлуките во такви услови, додаде тој.
На парламентарните избори кон крајот на 2015 година античавистите имаа предност од 2,1 милион гласови над претседателскиот табор. Станувајќи мнозинство во Парламентот тие ставија крај на чавистичката хегемонија, која траеше 17 години.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари