Македонија
17. March 2017 - 20:17

Велосипедист се бори за живот: Го прегазил камион

Тешка сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило и велосипед се случи попладнево околу 17 часот на патот Охрид-Свети Наум, кај влезот за хотел „Инекс Горица“.

„Во сообраќајката тешко повреден е велосипедистот, кој е пренесен во Општа болница во Охрид, а оттаму поради сериозноста на повредите е пренесен на скопските клиники“, информираше за ОХРИД 24, Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Портпаролот на СВР Охрид повеќе информации за сообраќајката најави во текот на утрешниот ден.