Македонија
6. April 2016 - 14:18

Велосипедист почина во сообраќајка

Скопјанецот Руфки Н. (70) го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера околу 12:30 часот се случила во скопско Ченто, на крстосница од ул. „Методија Андонов Ченто“ и ул. „Антон Попов“.

Како што соопшти полицијата, патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р. (20) од с.Арачиново, удрило во велосипед управуван од  Руфки Н. (70) од с.Сингелиќ. По незгодата, Н.Р. со возилото го пренел велосипедистот во поликлиниката „Ченто“, каде што страна на лекар од  Итна медицинска помош била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е  предадено на обдукција.