Македонија
27. April 2017 - 16:56

Велјановски: Не ме терајте да го кршам деловникот

Претседавачот Трајко Вељаноски истакна дека не може да го прекрши Деловникот и оти доколку го прифати барањето на Оливер Спасовски за преминување на четвртата точка ќе биде кршење на Деловникот.

- Да се откажете од деба на трета точка и да преминеме на четвртата се оди спротивно на Деловникот и демократската пракса да се дебатира за некоја точка. Она што можам е да ги замолам пратениците да се откажат од реплики и збор за да може да преминеме на следната точка. Но не може да ме натера некој да го кршам деловникот. Девет години го применувам и многу добро го знам, одговори Вељаноски.

Според него грешката е направена на 30 декември кога конститутивната седница почна и не заврши. - Започнатата седница не заврши затоа што клегите од ДУИ, СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, сите три пратенички групации бараа конститутивната седница да се прекине на втората точка, дури и третата точка да не продолжи на 30 декември, затоа што им беше потребно парламентарно мнозинство, кое се оформи по 3 месеци. Јас сум крв или вие. После 3 месеци побаравте да продолжи конститувината седница и сега ви текна и за локални и за субвенции, рече Вељаноски.