Македонија
14. October 2015 - 14:28

Вељаноски се сретна со амбасадорката на БиХ, Лепа Бабиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ.

Вељаноски и Бaбиќ, соопшти кабинетот на претседателот на Собранието, разговарале за актуелните состојби во двете држави, а посебно внимание е посветено на економската соработка. Двајцата се согласиле дека од особена важност е да се развива економската сорабтка поинтензивно и да се постигне ново повисоко ниво. Исто така на средбата се разговарало и за актуелната состојба со мигрантите кои транзитираат низ регионот.

Бабиќ истакнала дека го следеле позитивното искуство на Македонија во однос на чекорите кон НАТО и евроинтеграцискиот процес со оглед на тоа дека и Босна и Херцеговина се стреми кон истите цели.

На средбата станало збор и за развивање и интензивирање на парламентарната соработка, како на високо ниво, така и ниво на парламентарни групи за соработка.