Македонија
2. August 2015 - 19:46

Вељаноски: Ниту еден проблем не е доволно голем да не биде решен за Македонија

Седумдесет и една година од воспоставување на македонската државност и воведување на македонскиот јазик за службен, 71 година од првото заседание на АСНОМ. 2 август и оваа година ги собра македонците во Пелинце, на само неколку километри од манастирот Прохор Пчински. Во меморијалниот центар беа и власта и опозицијата. На свеченоста с еобрати претседателот на собранието. Вељаноски упати порака за  заедништво и сплотеност, само така можеме да ја водиме македонија кон европското семејство. Потребен е дијалог а пробелмите се решаваат во институциите потенцираше Вељаноски.

Верувам дека ќе успееме да отвориме нова демократска перспектива со завршувањето на летото.Верувам дека враќањето на опозицијата ќе даде дополнителна тежина на македонскиот парламент.Впрочем, парламентот е институцијата во која се вкрстуваат идеите за да се исфилтрира вистинскиот проект, а не е институцијата од каде се поткопуваат демократските темели на државата.Ниту една политичка бомба не може да предизвика доволно голем политички чад за да се замаглат вистинските дела.Ниту една политичка бомба не може да предизвика доволно голем политички чад со кој ќе се прикријат субвенциите на земјоделците, километрите изграден автопат, новите работни места, инвестициите и сé друго што е позитивно.

И за граѓаните овој ден значи единство. Таа порака ја испратил  Гоце Делчев и Методија Ченто а ние треба да ја почитуваме.

На пет километри од меморијалниоот центар осамна  местото на вера, но и на негирање на еден историски факт за македонскиот народ,  манстирот Прохор Пчински.

Денеска манастирот не е сведок на 2 август пред 71 година, мирот го вознемируваа само неколкумина посетители кои не знаат што значи овој комплекс за мекдонскиот народ.

По минатогодишниот пожар, свештенците го напуштаат Прохор Пшичнски и тој станува женски манастир а сестринството ја негува историјата на српскиот народ.