Македонија
10. November 2015 - 17:31

Вељаноски го прими Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија

Евроамбасадорот Аиво Орав денеска официјално му го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2015 година на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

На примопредавањето на Извештајот, како што соопшти Кабинетот на Вељаноски, присуствуваа и потпретседателите на Собранието на Република Македонија, координаторите на пратеничките групи во Собранието и претседателите на Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешна политика, Националниот совет за евроинтеграции и Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-РМ.