Свет
29. May 2016 - 15:35

Велика Британија: Посетителите на концертите би можеле да бидат мета на терористите

Посетителите на концерти и на ноќни клубови можат да бидат на мета на новите терористички напади во Велика Британија, изјави неименуван  претставник за борба против тероризмот.

Сите масовни настани, посебно по нападот во Париз, приоритет се за полицијата, пред сезоната на фестивали кои се одржуваат во Велика Британија. Тој додаде дека стадионите и концертите поради големата концентрација на луѓе на едно место се посебно ранливи, а музичките фестивали тешко се контролираат и обезбедуваат.

На Гластонбери, најголемиот музички фестивал на светот, годинава се очекуваат 135.000 посетители.

Голем број од стадионите имаат строги мерки за контрола со цел да се спречи евентуален терористички напад, но безбедносните претставници се загрижени поради ноќниот живот и фестивалите.