Македонија
13. April 2017 - 14:55

Велигденски воз на релација Скопје - Гевгелија - Скопје

 

Македонски железници - Транспорт годинава по повод велигденските празници ќе ја вклучи во сообраќај новата патничка гарнитура брендирана како „Велигденски воз“.

Возот со мотиви од велигденското чествување ќе сообраќа на релација Скопје - Гевгелија - Скопје.

- „Велигденскиот воз“ ќе биде одлична можност за сите патници да уживаат во своето патување и да го почувствуваат духот на претстојниот празник, се наведува во соопштението од Македонски железници - Транспорт