Македонија
6. October 2017 - 21:02

„Велешка питијада 2017“ по 14. пат

 

Во Велес  вечерва на улицата „Благој Ѓорев“ во новиот дел на Велес започнува 14. по ред „Велешка Питијада 2017“ што ја организира Општина Велес во соработка со велешките кафеани,  ресторани, кафетерии и винариите од Велес и регионот.

По отворањето, на кое и годинава ќе настапат најмалите децата од велешките градинки и Балетските студија „Анабела“ и „Црни мачиња“ вечерва на првата фестивалска вечер ќе настапи Оркестарот „Александрија“ група „Стакато“ Чалгија Саунд Систем, Коктел Бенд и Моими Јовановска, Анастасија Петреска и Џамбо Агушев и оркестар Агушеви.
 
Утревечер свој настап ќе имаат Конективе Бенд, Карамба бенд, Група Виуртус, ДНК и Здравко Чолиќ. 
 
Во недела вечер  ќе настапат RNB Neighbors Cyclone, Сифоник, Чикс, Група Соната, Тамара Тодевска, Суперхикс и за крај групата „Рибља чорба“.
 
Инаку по традиција на годинашната Питијада 2017 во Велес утревечер во 18 часот  ќе се сече џиновската пита пастрмајлија, која ја подготвуваат велешките пекари и е за Гинисовата книга на рекорди, а ќе има и други занимливости за посетителите.
 
Велешката пита пастрмајлија која се подготвува со свинско и овчо или козјо  солено  месо - пастрма полиена со јајца, во Велес е долга и трае од 1862 година. Низ годините ја подготвувале велешките домаќинки и фурнаџии, а и денес се подготвува во велешките домаќинства  и  е главен бренд на велешките кафеани и ресторани.