Македонија
27. January 2016 - 13:46

Велешанец доби кривична, го малтретирал татко си

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Т. (32) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „неизвршување на судска одлука “.

Против пријавениот, Основен суд Велес има изречено превентивни мерки со забрани да го навредува, вознемирува, забрана да се заканува и забрана да се приближува на домот на неговиот татко. Покрај изречените забрани, пријавениот не се придржувал на истите. Повеќе пати ги нарушувал изречените мерки со нанесување на ново семејно насилство со упатување закани по животот на таткото и приближување и сместување во станот каде живеел таткото.