Македонија
13. December 2016 - 17:33

Велес доби уште еден целосно уреден паркинг

Паркинг со капацитет од 60 возила е пуштен во употреба во Велес. 

Паркингот, кој се наоѓа на улицата „Никола Карев“ меѓу станбените згради спроти ООУ „Васил Главинов“ во новиот дел од градот, подолго време беше запуштен и со средства од општината во висина од 1,3 милиони денари сега е целосно уреден и поплочен.

- Со ова велешани добија уште еден современ паркинг за 60 места, проект кој е дел од програмата за уредување на градежно земјиште и простори пред згради и зелени површини, изјави градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.

Тој воедно потсети дека општина Велес во изминатите три ипол години придава големо значење за изградба и реконструкција на паркинзите во градот.

- Во тие рамки ние веќе изградивме и уредивме 13 паркинг простори во Велес за 660 места за паркирање.Воедно ако временските услови ни дозволат со овие градежни активности ќе продолжиме и во наредните денови, додаде Чадиев.