Спорт плус
8. April 2016 - 14:54

Велемајсторот Георгиев победник на „Карпош Опен 2016“

 
 Бугарскиот велемајстор Кирил Георгиев е победник на годинашното издание на Меѓународниот шаховски турнир „Карпош Опен 2016“ што го организира општина Карпош во соработка со шаховсиот клуб „Гамбит Асеко СЕЕ“. 
 
Зад Бугаринот, кој трета година го освојува традиционалниот турнир, се пласира  Молдавецот Дмитриј Светушкин, а третото место на финалната табела го зазема Италијанецот Данил Двирни. 
 
Во категоријата на натпреварувачи до 18 години, на турнирот што заврши вчера по девет одиграни кола, најдобар е Данецот Мартин Печивалди со рејтинг од 2.306 поени, најуспешен натпреварувач над 65 години е Канаѓанецот Леон Пиасетски со рејтинг од 2.282 поена, додека најдобар женски играч е Сабрина Вега Гутиерез од Шпанија.
 
Најдобар натпреварувач со рејтинг до 2.000 поени е Турчинот Јакуп Еригит, во категоријата со рејтинг до 2.200 поени првото место го зазема неговиот сонародник Али Полатер, а во категоријата со рејтинг до 2.450 поени првото место го освои фиде мајсторот од Хрватска Леон Ливаич. 
 
Оваа година наградниот фонд изнесуваше 10.000 евра, а за најдобриот шахист беа обезбедени 2.000 евра.