Македонија
19. September 2016 - 21:12

Вечерва тешка сообраќајка пред Охрид – Патот целосно затворен

Tешка сообраќајна несреќа вечерва се случила на патниот правец Охрид-Струга во близина на црквата Св.Еразмо. Во сообраќајната незгода едно патничко возило марка “Југо” е излетано од патот, а во незгодата учевствувало и уште едно патничко возило марка “Мерцедес”, како и други возила во директен судир, објави Охрид1.

Интервенирано е веднаш од страна на Брзата помош и пожарната а екипи од СВР се на терен при што патниот правец е блокиран во двата правци.

Во меѓувреме, на повозрасен човек од возилата кои чекаат во колоната му се слоши, при што ниедно од возилата од Брзата помош не сакаше да пружи помош на човекот, да го прими во возилото, бидејќи се зафатени со повредените од сообраќајната несреќа, известува Охрид 1 кој е на местото на незгодата.

Сообраќајот е се уште затворен во двата правци