Македонија
2. May 2016 - 23:12

Вечерва тешка сообраќајка кај Росоман, сообраќајот во прекин

Вечерва од 21:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Градско-Прилеп на излез од с.Росоман, спрема бензиска пумпа „Црна Река-Сирково е во прекин.

Од АМСМ соопштуваат дека прекинот е поради случена сообраќајна незгода.

Засега нема подетални информации за сообраќајката, ниту за евентуални повредени или жртви.