Македонија
18. January 2018 - 15:16

Вечерва се чека Богојавление: На полноќ погледнете во небото и замислете желба!

Православните верници денеска го прославуваат зимскиот Крстовден, денот кој се слави пред големиот празник Богојавление.

Се верува дека на полноќ се отвара небото и дека секоја желба може да се исполни, така што точно на полноќ, според преданието треба да се погледне во небо и да се замисли желба. Желбата, каква и да е мора да биде јасна,

Богојавление е празник воспоставен во спомен на Христовото крштение на реката Јордан.

Кога наполнил 30 години, Исус дошол на реката Јордан за да го крсти свети Јован Претеча, кој се подготвувал за доаѓањето на Месијата и ги крштевал оние кои се покајале на брегот на Јордан.

Бог се јавил три пати при крштевањето на Исус. Тој настан претставува објавување на Богочовекот и воведување на Христа во месијанската мисија.

На овој ден во сите храмнови и цркви се осветува вода, која народот ја зема за во својот дом. Таа вода има лековита, исцелителна моќ, и затоа секогаш се држи во домот покрај икона како спасителски лек.

Само на Богојавление со оваа вода може да се попрска секој дел од домот. Верниците на Богојавление со поздравуваат со „Бог се јави“ и „Вистина се јави“.

Богојавление е еден од 15 најголеми христијански празници. Богојавление се одбележува ширум Македонија со традиционално пливање по богојавленскиот крст.