Македонија
20. December 2016 - 19:37

Вечерва премиера на „Тартив“ во МНТ

„Тартиф“ на Молиер во режија на Галин Стоев од Бугарија е нова претстава на Македонскиот народен театар која премиерно ќе биде изведена вечерva Во драмата за лицемерството напишана во 1664, но секогаш актуелна и безвременска, насловниот лик ќе го игра актерот Драган Спасов-Дац.

Режисерот Стоев jа пофали соработката со екипата на МНТ и самиот процес на подготовка во кој прифатил некои нивни предлози кои ги смениле неговите првични идеи.

Според директорот на МНТ Дејан Пројковски, „Тартиф“ е меѓу капиталните дела на театарската литература, текст со кој, како што рече, режисерот и театарот што го поставува ја тестира својата зрелост.

Сценограф на претставата е Венелин Шурелов, костимограф Елица Георгиева, а композитор на музиката Саша Карлсон.

 По двете премиери денеска и утре, првата реприза на новиот „Тартиф“ е во сабота, 24 декември.