Македонија
12. December 2017 - 23:06

Вечерва останете дома - во скопски Аеродром опасно по живот

Во скопската општина Аеродром вечерва е опасно по живот. Мерната станица во Лисиче во 21 часот отчитува енормно загадување од над 500 микрограми ПМ10 честички на метар кубен. Во Скопје, по Лисиче најзагадено е на Ректорат и во Карпош со нешто под 300 микрограми ПМ10 честички на метар кубен. По Скопје најзагадено е во Велес и тоа се движи околу 350, Битола околу 300, Куманово околу 250 и Кавадарци околу 200 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен.