Вечерва обилни врнежи од утре посвежо
Времето до крајот на денот ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Во вечерните и ноќните часови во јужните и источните делови ќе има пообилни врнежи од дожд кои на места ќе надминат 30л/м2 воден талог.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат нешто поинтензивни во северните и источните делови. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Т-мин. од 10 до 16 а т-макс. 14 до 19 степени.
Во Скопје, Претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Т-мин 14, т-макс 17 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
До крајот на продолжениот празничен викенд нашата земја ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови од Медитеранот. Во петок ќе биде променливо со слаб локален дожд. Нови обилни врнежи ќе има во сабота, кога локално се очекува да наврнат околу 50л/м2, особено во западните и северните делови од земјата.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево