Спорт плус
14. August 2015 - 15:12

Вечерва е голем спортски ден за Македонија

Македонската одбојкарска репрезентација во петок вечер од 20 часот го игра финалето на Европската лига против Словенија, откако во полуфиналето направи подвиг и уверливо ја совлада фаворизираната Естонија со 3:0.
 
Доколку победат вечер во финалето, македонските одбојкари би оствариле историски успех,  а следната година би се натпреварува во Светската лига.
 
Словенија, која на сите досегашни 11 натпревари во Европската лига има исто толку победи, е фаворит на хартија пред вечерашниот меч. Но, Македонија во последните натпревари евидентно ја подигна формата и доколку прикаже борбена игра како против Естонија може да се надева на победа.
 
Македонија вчера прикажа брилијанта партија и потполно и се реваншираше на Естонија за двата пораза во групата. Естонија до натпреварот со Македонија немаше претрпено ниту еден пораз.