Вечери на женски права по осми пат во Скопје
Поттикнување на мажите и жените да размисуваат критички за родовата (не)еднаквост преку уметност, филм и музика има за цел осмото издание на „Вечери на женски права“ што од 3. до 9 март се одржува во Младинскиот Културен Центар - Скопје, во организација на Центарот за истражување и креирање политики.
Настанот „Вечери на женски права“ нуди алтернатива во прославувањето на Меѓународниот ден на жената 8 март и за таа цел денеска се организираат повеќе настани.
Изложба на ракотворби од жени со посебни потреби, поддржан од Национален совет за родова еднаквост, НВО Порака и Дом „Мајка Тереза“ од Злокуќани, ќе се одржи во просториите на „Даре Џамбаз“.
Феминистичката иницијатива „Бори се женски“ ќе одржи перформанс на тема економското јакнење на жените и неплатената работа на грижа на плоштадот „Македонија“, паркот „Жена борец“ и плоштадот „Карпошово востание“.
Во рамки на настанот, во 17 часот ќе бидат свечено отварени просториите на организацијата „Една може“, а главен акцент на дента е проекција на документарен филм „Срцет на жената“ од Адрејка В. Скрачиќ.
Настанот традиционално се организира од 2010 година.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок