Кошарка
7. February 2017 - 9:21

Вечер за статистика во НБА лигата

На 11-те натпревари во НБА лигата беа срушени неколку рекорди, а единствено екипата на Мајами ја продолжи серијата победи откако славеше на теренот на Минесота.

Првакот Кливленд победи на теренот на Вашингтон и со тоа ја прекина серија од 17 домашни победи на „визардси“.
ЛА Лејкерс победи над Њујорк и ја прекина серијата од 12 порази, додека Сан Антонио постигна само 74 поени што е најмалку за овој тим од 2011 година. 
Блејк Грифин имаше „трипл-дабл“ (26 поени и по 11 скокови и асистенции) за првпат по 2014 година.

Резултати: 

Њујорк – ЛА Лејкерс 121:107,

Вашингтон – Кливленд 135:140 (продолжение), 

Индијана – Оклахома Сити 93:90,

Торонто – ЛА Клиперс 118:109,

Атланта – Јута 95:120, 

Детроит – Филаделфија 113:96, 

Њу Орлеанс – Феникс 111:106,

Минесота – Мајами 113:115, 

Денвер – Далас 110:87, 

Мемфис – Сан Атонио 89:74,

Сакраменто – Чикаго 107:112.