Македонија
6. February 2016 - 18:17

Веб-апликација за информирање на младите за прокетите на ВМРО-ДПМНЕ за нив

Нова веб страница на која младите ќе можат да се информираат за сите проекти кои се однесуваат на подобрување на нивната иднина. Унија на млади на ВМРО ја презентираше новата апликација www.makedonijazamladite.mk  ќе можат да ги најдат сите 20 проекти кои досега ги промовираше претседателот на партијата Никола Груевски. Освен овие на страната ќе бидат и сите следни проекти кои ќе бидат промовирани. Еден од клучните проекти е мерката вработување на 100те најдобри студенти. МОН и ВМРО ДПМНЕ ќе помогнат тие веднаш да најдат работа и да продожат да инвестираат во државата. Со мерката стипендирање на  младите амбасадори кои ќе освојат едно од првите места на научните олимпијади предвидува покрај личен и месечен паричен надомест за тројцата најдобри.

- Доколку постигнат прво место ќе имаат едногодишна стипендија од 12.000 денари, второ место 10.000 денари и трето место 8.000 денари. ова е показател дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за младите и нивното образование, со тоа што истата награда ќе ја добие и професорот на средношколецот којшто го направил успехот, а учесникот ќе добие и 500 евра за да може да купи одредена опрема.

На апликацијата македонија за младите се и проектите кои вчера ги  најави Груевски а тоа се амфитеатарот во СКупи, новите 5  скејт паркови во Штип, Кавадарци, Охрид, Тетово, Куманово како и изградбата на офицерскиот дом во Битола каде ќе биде сместена матичната служба   за регистрација на идните брачни парови. Офицерскиот дом ќе прерасне во куќа на културата во која ќе се одржуваат претстави, концерти и други настани. Градоначалникот Талески потврди дека почнала постапката за измена на одлуката за продажбата и овој проект ќе биде во соптственост на општината Битола.

- Во 2010 година, појасни, Офицерскиот дом беше даден на користење на општина Битола за период од 20 години, во 2013 година таа одлука беше сменета и Офицерскиот дом беше вратен на државата, а со најновиот предлог се обезбедува најдоброто решение за битолскиот Офицерски дом. Ја прифаќам одлуката и се заблагодарувам на претседателот на ВМРО ДПМНЕ кој имаше волја сите нас да не контактира и да најдеме заедничко решение, подобро од претходното. Оваа одлука е на задоволство на сите битолчани и убеден сум дека во 2016 година ќе заврши постапката. Имаме и проекти за да гордоста на Битола, Офицерскиот дом биде во функција, односно Куќа на културата во која ќе има концерти, театарски претстави, промоции, изложби, но и венчална сала за што се планирани околу 2 милиони евра, истакна битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Владата на ВМРО ДПМНЕ изминативе 2 месеци презентираше 20 проекти од кои бенефитите ќе ги почувствуваат сите млади во Македонија. Скопје ќе добие мултифункционалната читална, бесплатно патување за тројцата најдобри студенти, купи куќа за млади, бесплатни компјутерски обуки, бесплатен железнички и јавен превоз , фитнеес, баскет игралишта и  многу други бенефити кои на  секој млад човек  му се потребни и ги посакува.  На оваа веб страна младите ќе се информираат и за наредните проекти кои ќе бидат најавувани во текот на изборната кампања на ВМРО ДПМНЕ.