Балкан
6. August 2017 - 10:08

Вчерашниот ден - најтопол во Белград во изминатите 130 години

Со измерени 40 степени Целзиусови во Белград, 5 август бил најтоплиот во изминатите 130 години во главниот град на Србија.

Во периодот меѓу 16 и 17 часот измерени биле 40 степени со што е надмината прогнозираната максимална температура за главниот град. Претходниот најтопол 5 август – со 39 степени, бил во 1928 година, јавуваат српски медиуми.

Во цела Србија и понатаму е на сила црвен метеоаларм. РХМЗ на Србија издаде предупредување за подрачјето на Србија за високи температури до 10 август.