Македонија
6. October 2017 - 18:10

Васовска: Богоев ги изманипулира младите ветувајќи им се и сешто, за сега сите да видиме дека Богоев кога зборуваше за младите ноторно лажеше

 

Стефан Богоев се што кажа излажа. Богоев ги изманипулира младите ветувајќи им се и сешто, за сега сите да видиме дека Богоев кога зборуваше за младите ноторно лажеше, вели Ангелина Васовска до ВМРО-ДПМНЕ.

-Богоев пред парламентарните избори минатата година ветуваше темелна реконструкција на постоечките студентските домови, за со самото доаѓање на власт да скратат цели 155 милиони денари од буџетот за изградба и реконструкција на студентски домови. СДС вети, СДС излажа. Богоев вети, Богоев излажа. Младите видоа дека Богоев  само ги манипулирал. Младите никогаш веќе нема да им веруваат на лагите на Богоев и неговите сопартијци. Стефан Богоев ветуваше и студентскиот кампус  во рамки на Стив Наумов, како целосно нова зграда со 700 нови легла. Нова зграда нема, не е ни почната, а расипничката власт на СДС скрати цели 155 милиони денари од буџетот наменет за изградба на студентски домови, потенцираше Васовска.

Таа вели дека денес го гледаме размазаниот Богоев како ветува нови фитнес зони во Карпош и голема реконструкција на сите игралипшта кој се наоѓаат во општина Карпош. Повторно брда и долини од устата на Стефан Богоев. Омилено ветување му е реконструкција на игралиштето Сокол, но карпошани се свесни дека нема да има ништо од ова ветување.

-Го слушаме Боегоев како ветува и зелени површини во секое маало. Но и ова е една од многуте лаги кои размазаниот Боегоев нема поима како ќе ги реализира. Младите видоа дека тие беа жртва на манипулација. Сега Богоев сака да ги прелаже и Карпошани со неговите нови ветувања. Богоев лажеше минатата година лаже и сега. Жителите на Карпош тоа го знаат и затоа ќе го казнат СДС на 15 октмоври, потенцираше Васовска.