Васовска: Богоев ги изманипулира младите ветувајќи им се и сешто, за сега сите да видиме дека Богоев кога зборуваше за младите ноторно лажеше
Стефан Богоев се што кажа излажа. Богоев ги изманипулира младите ветувајќи им се и сешто, за сега сите да видиме дека Богоев кога зборуваше за младите ноторно лажеше, вели Ангелина Васовска до ВМРО-ДПМНЕ.
-Богоев пред парламентарните избори минатата година ветуваше темелна реконструкција на постоечките студентските домови, за со самото доаѓање на власт да скратат цели 155 милиони денари од буџетот за изградба и реконструкција на студентски домови. СДС вети, СДС излажа. Богоев вети, Богоев излажа. Младите видоа дека Богоев само ги манипулирал. Младите никогаш веќе нема да им веруваат на лагите на Богоев и неговите сопартијци. Стефан Богоев ветуваше и студентскиот кампус во рамки на Стив Наумов, како целосно нова зграда со 700 нови легла. Нова зграда нема, не е ни почната, а расипничката власт на СДС скрати цели 155 милиони денари од буџетот наменет за изградба на студентски домови, потенцираше Васовска.
-Го слушаме Боегоев како ветува и зелени површини во секое маало. Но и ова е една од многуте лаги кои размазаниот Боегоев нема поима како ќе ги реализира. Младите видоа дека тие беа жртва на манипулација. Сега Богоев сака да ги прелаже и Карпошани со неговите нови ветувања. Богоев лажеше минатата година лаже и сега. Жителите на Карпош тоа го знаат и затоа ќе го казнат СДС на 15 октмоври, потенцираше Васовска.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор