„Вашингтон тајмс“: На Клинтон, се чини, поголем ривал и е Путин, отколку Трамп
Слушајќи ја деновиве Хилари Клинтон, секој може со право да заклучи дека нејзиниот главен ривал во изборната трка е рускиот претседател Владимир Путин, а не Доналд Трамп, тврди денеска весникот „Вашингтон тајмс“.
Во текстот за натпреварувањето на демократската кандидатка за Белата куќа и нејзиниот републикански конкурент, весникот за Клинтон наведува дека"„дамата, секако, многу верува во теории на заговор“.
„Некогаш сите нејзини проблеми беа резултат на некаков безочен огромен заговор на десничарите, но сега кога се наоѓа во трка за „лидер на слободниот свет“, таа се соочува со уште „побезочен меѓународен заговор чија база е во Москва и ја води господинот Путин“, наведува „Вашингтон тајмс“.
Весникот понатаму тврди дека „кога Викиликс ја демаскира за тоа дека Демократскиот национален комитет и бил повеќе наклонет во текот на внатрепартиските избори, на кои ривал и беше Бернард Сандерс, таа знаеше кого да обвини: господинот Путин“.
Весникот изнесе и други примери за кои смета дека го потврдуваат ова тврдење, споменувајќи и приказни дека „милениците на претседателот на Русија можеби подготвуваат хакирање на изборните машини на денот на изборот за да ги украдат гласовите“.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година