Loading Video...
Ракомет
28. February 2018 - 14:15

Вардарки против Битинхајм по заверка на првото место

Ракометарките на Вардар како фаворити ќе го пречекаат германскиот Битигхајм во меч од Лигата на шампионките закажан за петок.
 
Пласманот на Вардар во четврт-финалето на лигата на шампионите одамна е обезбеден, но во дуелот против Битинхајм, вардарки сакаат да го потврдат првото место во групата. 
 
Црвено-црните во овој меч влегуваат како фаворитки имајќи го в предвид убедливиот триумф на гости со 38-26 во првиот меѓусебен дуел.
 
„Претходниот натпревар го добивме со голема разлика, иако првиот дел не беше лесен. Треба да играме перфектно за да победиме и да ја решиме нашата задача во групата. На претходниот натпревар во Мец загубивме само поради нашите грешки. Треба да го вратиме победничкиот дух и да останеме на првото место" изјави тренерот Ирина Дибирова.
 
„ В петок сакаме само да победиме и на тој начин да го решиме првото место во групата. Изгубивме од Мец, поразот дојде во право време, за да не летнеме во облаци и мислам дека загубивме само поради нашите грешки. Битигхајм не намачи кај нив во првиот дел и ќе сакаат да не нарушат нашиот ритам“ изјави Јованка Радичевиќ.
 
Мечот, Вардар – Битигхајм ќе се игра во петок, во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 19 часот