Loading Video...
Ракомет
27. January 2018 - 19:12

Вардарки ја продолжија победничката серија во ЛШ

Вардарки со победа ја почнаа главната фаза во Лигата на шампионките. Тие вечерва пред својата публика го совладаа францускиот Мец со 29-23, Црвено-црните уште на полувремето остварија високи шест гола предност кои ги сочуваа до самиот крај. 
 
Цвијиќ со 7 и Пенезиќ со 6 постигнати голови беа најефикасни во редовите на македонскиот шампион, за кој ова беше вкупно седмата победа сезонава во исто толку одиграни средби. 
 
Во првиот меч од оваа група, дуелот на германските ривали му припадна на Турингер кој со 28-26 го победи Битингхајм, тим кој ќе биде следен противник на вардарки. 
 
За утре закажан е третиот натпревар меѓу Ференцварош и Будуќност. 
 
Табела: Вардар 10 бодови, Мец 6, Ференцварош 4, Будуќност 4, Турингер 2 и Битингхајм 2,