Ракомет
24. May 2016 - 18:27

Вардарки ја потврдија одбраната на титулата

Ракометарките на ЖРК Вардар денеска и официјално ја потврдија одбраната на шампионската титула.
 
Вардарки попладнево убедливо со 45-24 ја победија екипата на Металург , во заостанат меч од 4.коло кој се одигра во салата „Автокоманда“. 
 
Со оваа победа актуелниот шампион на Македонија и официјално ја одбрани титулата, иако има уште едно коло до крајот на првенството и тоа во саборта која во Јане Сандснки овие две екипи повторно ќе играат меѓусебно.
 
Барбара Лазовиќ беше најефикасна со 7 гола, Андреа Пенезиќ постигна 6, а по 5 гола придодадоа Радичевиќ, Алјона Ихнева, Сираба Дембеле и Олга Черноиваненко.
 
Кај, Металург најефикасна беше Марија Николиќ со 7 гола, додека по 4 гола постигнаа: Симона Стојковска, Елена Ливриниќ и Дајана Јовановска.
 
Ова е четврта титула за ЖРК Вардар во низа од 2013 година наваму. 
 
Табела: Вардар 21, Металург 15, Вардар јуниор 12, Куманово 3 (-1), Пелистер.