Loading Video...
Ракомет
9. November 2017 - 16:33

Вардарки без Лекиќ на гостувањето кај ФТЦ

Ракометарките на ЖРК Вардар денеска отпатуваа за Будимпешта  каде во сабота ќе играат против Ференцварош.
 
Вардарки в сабота ќе го игра натпреварот од 5.коло во група Ц во Лигата на шампионите, и тоа на гостин против Ференцварош. Тоа ќе боде дуел што ќе реши која екипа ќе биде прва на табелата и колку бодови ќе пренесе во следната фаза. Вардар веќе обезбеди место во следната фаза од ЛШ, а во зависност од исходот на овој натпревар ќе знаеме колку бодови ќе пренесеме. Засега два се сигурно и тоа од триумфот против Ференцварош во Скопје кога на почетокот на октомври во 1.коло црвено-црните забележаа победа со 34-31. 
 
На мечот во Будимпешта поради повреда не отпатуваа Андреа Лекиќ и Мирјета Бајрамовска. 
 
Дуелот на првата позиција меѓу Ференцварош и Вардар е закажан за в сабота со почеток од 13 часот и 30 минути.