Фудбал
1. August 2017 - 18:50

Вардарци во Копехаген по историски успех

Вардаровата експедиција составена од стручниот штаб, фудбалери и дел од раководството, утринава се упати кон Копенхаген, каде што утре ќе го игра реванш натпреварот од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите со истоимениот тим. 

Вардарци попладнево ќе пристигнат во главниот град на Данска, а вечер ќе го имаат и официјалниот тренинг на стадионот „Телиа Паркен“. Претходно „црвено-црните“ ќе одржат и прес-конференција, на која ќе ги искажат очекувањата од утрешниот натпревар. 
 
Македонскиот шампион во Данска отпатува со предност од 1:0 остварена на првиот меч во Скопје, минатата недела.
 
Реавнш натпреварот Копенхаген - Вардар ќе се игра утревечер со почеток во 20 часот.