Loading Video...
Ракомет
2. March 2018 - 14:01

Вардарци против Висла ќе атакуваат на победа

Актуелниот европски првак Вардар вп недела во Скопје ја пречекуваат екипата на Висла Плок во последниот дуел од групната фаза во Лигата на шампионите.
 
На Вардарци им е доволен и нерешен резултат, за до го потврдат првото место во групата, а со тоа и да обезбедат обезбедат директен пласман во четвртфиналето. 
 
Сепак тренерот Раул Гоналез не резмислува за „реми“ туку очекува неговите избраници да атакуваат на победата.
 
- Играчите се мотивирани, фаворити сме на овој натпревар, трениравме добро. Треба да го подобриме нападот бидејќи не бевме на потребното ниво против Нант. Сите екипи против нас го даваат максиумот, Висла игра добар ракомет, има квалитетни играчи, но верувам дека ќе победиме, изјави Гоналез.
 
Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов изјави дека очекува поддршка од полна сала и триумф против гостинот од Полска.
 
- На натпреварите со Нант и со Загреб не одигравме како што знаеме, но тоа е нормално, се случуваат такви работи во спортот. Во добра ситуација сме, играме на домашен терен и со помош на публиката ќе дојдеме до победа против Висла. Се е во наши раце. Уште не сме во потребниот ритам и не сме на она ниво на кое знаеме да бидеме. Ни треба време да тренираме заедно и мислам дека формата ќе оди само нагоре, истакна Стоилов.
 
Натпреварот меѓу Вардар и Висла ќе се игра во недела, од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.