Ракомет
13. March 2018 - 13:15

Вардарци против Нексе бркаат рекордна победа

Актуелниот шампион во регионалната ракометна СЕХА лигата, Вардар попладнево (17:45 часот) со мечот против Нексе го заокружува настапот во регуларниот дел од сезоната. 
 
Вардарци кои одамна обезбедија првото место, во дуелот против хрватскиот тим Нексе ќе се обидат да остварат победа со која ќе го минат рекордон на унгарскиот Веспрем кој пред две сезони регуларниот дел од лигата го заврши со 16 победи и две ремија. 
 
„Црвено-црните“ веќе имаат 16 победи и само еден нерешен резултат, па со победа над Нексе ќе станат најуспешниот тим во историјата на СЕХА кога во прашање се настапите во регуларниот дел од сезоната. 
 
Утре (18 часот), ракометарите на Металург гостуваат кај Татран Прешов