Фудбал
12. July 2015 - 18:33

Вардарци пристигнаа на Кипар

Фудбалерите на македонскиот шампион Вардар денеска заминаа за Кипар каде во вторник го играат првиот натпревар од второто коло од квалификациите од Лигата на шампионите. Патот на „црвено-црните“ е преку Солун до Никозија. 
 
Тренерот на Вардар Сергеј Андреев на пат замина со 22 играчи, а по доаѓањето во Никозија вечерва планирано е да се одржи и првиот тренинг. 
 
Расположението е оптимистичко, иако противникот има искуство во натпреварите од групите од Лигата на шампионите. Сепак во Вардар се надеваат на позитивен резултат и пред полни трибини да го играат реваншот на 21 јули во Скопје со надеж за пласман во следната рунда.
 
Натпреварот меѓу АПОЕЛ и Вардар се игра во вторник со почеток во 19 часот.