Loading Video...
Ракомет
4. December 2017 - 15:50

Вардарци порачуваат: Мора да се однесуваме како шампиони на секој натпревар

Откако првиот дел од сезоната во Лигата на шампионите ја завршија како единствена екипа без пораз, ракометарите на Вардар сега се насочени кон регионалната СЕХА лига, во кој им остануваат уште три средби до крајот на календарската 2017 година.
 
Во редовите на актуелниот Европски и СЕХА шампион Вардар ќе сторат се  најуспешната година во клупската историја да ја заокружат без пораз. Тоа на црвено-црните веќе им успеа во Лигата на шампионите, па сега се фокусирани на СЕХА лигата во која досега имаат максимални осум победи, а веруваат дека така ќе биде и по трите преостанати натпревари. 
 
Првиот е веќе утре против претпоследно пласираната Војводина 
 
„Ние завршивме со обврските во лигата на шампиони, и останува да се фокусираме на СЕХА лигата. Остануваат уште три натпревари и мислам дека сме во добра ситуација. Први сме, немаме притисок и треба да уживаме и да играме како против Нексе. Очекувам дека и играчите едвај чекаат, бидејќи кога победуваш е полесно. Имаме тренинг и после ќе решиме кој ќе игра. Сигурно дека некои од помладите ќе добијат шанса да играат против Војводина“ изјави  тренерот на Вардар Раул Гонзалес
 
Мијајло Марсениќ кој следната сезона нема да биде дел од Вардар бидејќи веќе е претставен како ново засилување на германскиот Фиксе Берлин, потенцира дека вардарци мора да се однесуваат и играат како шампиони.  
 
После одличните резултати во ЛШ, сега е време за СЕХА. Ние сме фаворити против Војводина и треба да се однесуваме како шампиони на секој меч, без разлика на ривалот. Треба секој меч да одиме на победа. Се надевам дека од почеток ќе направиме добра разлика за да биде полесно, и да се спремиме за другите натпревари„, изјави Мијајло Марсениќ
 
 
Саботниот меч против лутиот ривал Металург кој ќе се игра во сабота (9 декември, од 20.45 часот) ќе биде од хуманитарен карактер, односно сите средства собрани од овој натпревар ќе бидат донирани за лекување на 16-годишниот на 16-годишниот Борче Јовановски, кому треба да му се пресади коскена срцевина, за да победи тешка болест.