Ракомет
13. August 2017 - 16:45

Вардарци покажаа зошто се европски прваци

 
Актуелниот европски и македонски шампион Вардар конечно прикажа игра која се очекува од европскиот првак. 
 
Вардарци забележаа убедлива победа со 37-26 на дуелот против германскиот тим Гумерсбах на турнирот кој го организира токму оваа екипа. 
 
„Црвено-црните“ уште во првото полувреме покажаа дека се за класа подобри од германската екипа, па на одмор заминаа со предност од високи шест гола разлика, 18-11. Во вториот дел вардарци од минута во минута само ја зголемуваат разликата па на крајот славеа победа со убедливи 11 гола разлика (37-26). 
 
Најефикасен кај вардарци беше Вуко Борозан, кој иако одигра само едно полувреме, а беше лидер со 8 погодоци. Тимур Дибиров средбата ја заврши со 7 гола, додека Војводиќ постигна 5, а по три гола постигнаа Шишкарев, Карачиќ и Кристопанс.  
 
Со тоа Вардар го освои третото место на овој турнир на кој во  финалето ќе играат германските гиганти, Флензбург и Рајн Некар Левен.