-->
-->
Вардарци отпатуваа за Русија на мегдан кај Зенит
-->
Утринава макеоднскиот шампион екипата на Вардар замина кон Санкт Петербург каде утре ќе го игра натпреварот од 5.коло од групната фаза во Лигата на Европа против Зенит.
Експедицијата на „црвено-црните“ предводена од раководството, стручниот штаб и фудбалерите после пладнево ќе пристигне во рускиот северен град.
Денеска екипата ќе го има официјалниот тренинг на стариот стадион на Зенит, а претходно Вардарци ќе одржат прес конференција на која што ќе присуствуваат шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски и еден фудбалер кои ќе ги искажат своите очекувања од утрешниот натпревар.
За Русија отпатуваа следните фудбалери: Филип Гачевски, Игор Алексовски, Бојан Тимевски, Ховханес Хамбарџумјан, Евгениј Новак, Дарко Велковски, Бобан Грнчаров, Висар Муслиу, Бесир Демири, Дарко Глишиќ, Никола Глигоров, Бобан Николов, Вања Марковиќ, Хуан Фелипе, Филип Стојчевски, Бесар Исени, Џамбул Џигаури, Петар Петковски, Дејан Блажевски, Тигран Барсегјан, Итало.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак